недела, 14 февруари 2010

Мир - Револуција - Направи промени, дај се од себе...

со интензитетот на свесноста се повеќе и повеќе налетувам на разочарување од просторов каде што живеам и од луѓето со кои сум опкружена.


но, се извадив од памет(позитивно),последниве 2/3 недели во кои запознав прекрасни луѓе.

ми дојде премногу освежување одеднаш за да можам да верувам дека се реални!


но, тие си се верни на својат мисла....и што ми е најинтересно тие се активисти, дејствуваат на каков било начин, храбо да го искажат своето мислење и да го презентираат својот револт од неправдата која не само што не опкружува, станува дел од нашето секојдневие.


дел од овие прекрасни луѓе се членови на студентска група која ја нарекуваат Мир - Револуција - Направи промени, дај се’ од себе.... а пошироко дејствуваат како АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ. http://anarhija.tk/ .....и имаат свој весник кој им се нарекува СЛОБОДА!!!


...истите оранизираат мирен протест, утре 15.II.MMX, пред српската амбасада во 10 часот со повод да се спречи неправдата која им е нанесена на 6 млади луѓе во Србија. Шесторицата направиле материјална штета на грчката амбасада од 18 евра ноќта на 24-25.август, фрлајќи две шишиња кон амбасадата. Скршиле прозор но, не повредиле никој.

Симболичен начин на протест против грчката држава за кој можеби ќе бидат обвинети за интернационален тероризам.


комплицирано е кога човек станува свесен дека е измамен а, уште покомплицирано е кога треба да се докаже некаква неправда врз невини луѓе во ова нерамноправно општество!

Нема коментари: