петок, 27 април 2007

детство...

Мирисот на оваа пролет особено ми биду чувства од моето детство. Се ме потсетува на времето кога бев малечка.... Секое излегување пред зграда го чувствувам мирисот на црвените сливи кои беа дел од нашата секојдневна игра.... Интересно ми е, што ова мое интензивно чувство, не ми предизвикува носталгија кон поминатите детските години, туку напротив, ми влева некоја скриена радост и ме прави сега во моментов да се чувствувам како дете.

Да, баш така и сега се чуствувам како дете. Еве после работа може ќе одам да си купам ластик.... на времето финта беше да имаш ластик од 10 m. Да, ќе си купам ластик од 10 m. И нормално нема да најдам друштво за играње пред зграда па, затоа ќе си го закачам дома, едниот крај на фотеља другиот на кваката од врата и ќе си играм.... вака правев и како мала, кога не бев излезена надвор. Најсмешно ми е дека по дома скокав со дрвени кломпи. =) е....колку е убаво да си дете....

И пред некој ден ми се случи мојот детски филм, Елена ме викаше од под тераса.... исто како кога бевме мали. Во 6 h поручек, кој излегол прв во маало, застанува под терасите и почнува да ги вика сите по ред....

четврток, 26 април 2007

новиот унгарски филм

Точно пред една недела во МКЦ започна ревијата на Новиот унгарски филм. Траеше 5 дена и си заврши....секоја вечер по еден филм.
Успеав да изгледам два филма.
Едниот се викаше Патишта на светлината а другиот, Бедлам.
Режијата на првиот филм могу ме потсети на стилот на режирање на Alejandro Gonzalez Inarritu. Одбирање на еден момент кој е фатален и заеднички за тројца луѓе. Тој ’заеднички момент’ всушност е пресвртот во нивниот живот. Така, унгарскиот режисер, Mispal Attila во својата приказна има една манекенка, еден златар и еден питач... На моменти по малку наивно, ама сепак се во функција на приказната, филмот изобилуваше со сентименталност. Многу интересна порката носи филмот... отприлика како што ја сфатив јас: Не прави добро ако не мораш.....зашто најчесто таквото добро се враќа со лошо. Како и да , на крај се се заврши добро. Генерално кажано, фино филмче.
А што се однесува до глумицата, Унгарка бре...!!! Каква беше, најзгодна, најубава... и тој Унгарецот, чирачето, не беше лошо, убаво машко!!!
Вториот филм што го гледав, Бедлам, е комедија. Комедија како комедија, се помешано и измешано и смешано..... некои работи веќе видени, помалку и нови глупости....ама, сепак, комедија која вредедеше да се види, ако не за дурго за двајцата дечки бре.... е... тие се пример дека не се најзгодни на свет само Унгарките,туку и Унгарците....
Допишуванка: .......сакав да гледам уште еден унгарски филм со многу интересно име: ДАЛАС ПАШАМЕНДЕ....ама не го изгледав.....

среда, 25 април 2007

Кино Напредок


(Во последно време многу малку работи ме прават среќна!)
Нешто што ме израдува е новата емисија на 103-ка Ново Кино Напредок.
Емисија за филм, од едукативен и информативен карактер.
Супер е!
Секоја среда од 20 до 22 часот.
Си имаат и блог - www.novokinonapredok.blog.com.mk
Баш денес ќе ги слушам!
Минатиот пат (меѓу друго) зборуваа за Michel Gondry и неговиот нов филм, The Science of Sleep.