понеделник, 21 мај 2007
петок, 18 мај 2007
спиечко-сонувачки пост....
Неможам да си направам =( на работава ни се расипа решото!!!
понеделник, 14 мај 2007
вале, ЗЛАТКО и тоде....
четврток, 10 мај 2007
среда, 9 мај 2007
давид
Delicatessen – англиски црн хумор на француски начин.
Што повеќе да се каже?!
Мрак. Пост-апокалиптична иднина. Сивило.
Сивило и гнаса.
Црно – сива приказна со остра сатира.
Црно, сиво,....сиво црно....ама сепак ќе те научи филмот на нешто.... Почитувај ја храната! Уживај јадејќи! Јади разновидна храна! Јади, ако сакаш и месо, ама научи се да живееш и без него зашто еден ден може да нема, па, греота е да го изедеш комшијата, толку години му викаш: Здраво, Добро утро, Добар ден....
.....и морам да докажам уште нешто:
Филмот ме збесна!!!
Ама не заради опишаниот надреален алтернативен свет во него, туку од технички аспект! На цд-то го немаше крајот на филмот....!!!
....и така јас искачам у град и се жалам дека не го догледав крајот на Delicatessen и ми викаат: што се секираш па, филмот среќно завршува! =)
Хммм...што значи среќен крај во Delicatessen?! Децата ги изеле сите?! Што?!
Добро! Добро! Ајде...претпоставувам,....љубовта победила....!
....и на мајстор-месарот не му крцкал креветот повеќе.... =)
(ова е I пат да напишам за нешто недовидено)
А зошто се вика постов Давид, ќе пишам, ама во следниот пост....ако некој, веќе знае, нека ми каже....
вторник, 8 мај 2007
петок, 4 мај 2007
раскажуванка... ( II дел - посветена на Дарко кој воопшто не е дел од приказнава)
четврток, 3 мај 2007
раскажуванка.... (како лош сон)
Во понеделникот во еден скопски локал се славеше некој роденден на некое радио, воедно имаше и некоја промоција на некое цд на некој.
(продолжува)
среда, 2 мај 2007
понеделник, 30 април 2007
петок, 27 април 2007
детство...
Мирисот на оваа пролет особено ми биду чувства од моето детство. Се ме потсетува на времето кога бев малечка.... Секое излегување пред зграда го чувствувам мирисот на црвените сливи кои беа дел од нашата секојдневна игра.... Интересно ми е, што ова мое интензивно чувство, не ми предизвикува носталгија кон поминатите детските години, туку напротив, ми влева некоја скриена радост и ме прави сега во моментов да се чувствувам како дете.
Да, баш така и сега се чуствувам како дете. Еве после работа може ќе одам да си купам ластик.... на времето финта беше да имаш ластик од 10 m. Да, ќе си купам ластик од 10 m. И нормално нема да најдам друштво за играње пред зграда па, затоа ќе си го закачам дома, едниот крај на фотеља другиот на кваката од врата и ќе си играм.... вака правев и како мала, кога не бев излезена надвор. Најсмешно ми е дека по дома скокав со дрвени кломпи. =) е....колку е убаво да си дете....
И пред некој ден ми се случи мојот детски филм, Елена ме викаше од под тераса.... исто како кога бевме мали. Во 6 h поручек, кој излегол прв во маало, застанува под терасите и почнува да ги вика сите по ред....
четврток, 26 април 2007
новиот унгарски филм
среда, 25 април 2007
Кино Напредок
петок, 20 април 2007
nishto ne e sluchajno...
четврток, 19 април 2007
slikata...
vaka nekako pochnuvam da gi razbiram i lugeto.
Ednite se strastveni zalubenici vo prirodata, dodeka na drugite prioritet im e druzba so luge.
Da, samo znam deka ponekogash e mnogu polesno da se iskachi najstrmniot vrv na planina otkolku da se gushne.....
Blaze si im na prvite! Pomalku bolka i razocharuvanje....