Мирисот на оваа пролет особено ми биду чувства од моето детство. Се ме потсетува на времето кога бев малечка.... Секое излегување пред зграда го чувствувам мирисот на црвените сливи кои беа дел од нашата секојдневна игра.... Интересно ми е, што ова мое интензивно чувство, не ми предизвикува носталгија кон поминатите детските години, туку напротив, ми влева некоја скриена радост и ме прави сега во моментов да се чувствувам како дете.
Да, баш така и сега се чуствувам како дете. Еве после работа може ќе одам да си купам ластик.... на времето финта беше да имаш ластик од 10 m. Да, ќе си купам ластик од 10 m. И нормално нема да најдам друштво за играње пред зграда па, затоа ќе си го закачам дома, едниот крај на фотеља другиот на кваката од врата и ќе си играм.... вака правев и како мала, кога не бев излезена надвор. Најсмешно ми е дека по дома скокав со дрвени кломпи. =) е....колку е убаво да си дете....
И пред некој ден ми се случи мојот детски филм, Елена ме викаше од под тераса.... исто како кога бевме мали. Во 6 h поручек, кој излегол прв во маало, застанува под терасите и почнува да ги вика сите по ред....
5 коментари:
Срцко! Ептен некако те гледам каква си била, со исчукани колена и прашина на алиштата :) Баш ми е криво што не сме се знаеле и играле уште од мали, ама еве, сега надокнадуваме! Многу ми е мило што си ми другаркаааа, многу! :) mwa!
да, да,...баш таква бев со исчукани колена...=) и прашина на алишта, а еднаш се случи играјки жмурка да налетам во грмушка со катран....носев ч,чка нови теренерки и патики...тренерките ми беа светло розеви...
од грмушката излегов со црни бобици на розеви тренерки....
а бебушов со шамивчето на глава, од сликата, ме потсети на моето шамивче што ми го врзувале како бебе...ептен слично на ова по модел ама црвено со бели бобици...=)
и колку сум била смешно-дебела....
онака: образи и оп црвена шамија, од под која ѕиркаа тажно-весели очи!
смешки! бебе!
bluessence....?!
еј! ти незнаеш мене колку ми е мило што си ми другаркаааа, најмногуууу!!!
Ти си ми една од неколкуте работи што ме радуваат....
Највистински!!!
ГуШ ГуШ БаЦ БаЦ
[url=http://www.pi7.ru/seks-sekrety/1713-eroticheskaya-igry-ty-on-i-ego-lyubimaya-kinozvezda.html ]Шоколадкина Вика отказалась от публикации в мужском глянце [/url]
Вот решила позвать домработницу на помощь. Муж не может помочь абсолютно, кроме всего прочего уже не будет этого делать. А я просто устала. Есть такие у кто обзавелся платными помощницами? Сколько вы за это платите и где вы их нашли? и еще, как Ваш муж отреагировал на то, что в дом будет приплестись посторонняя тетя
Објави коментар