четврток, 26 април 2007 г.

новиот унгарски филм

Точно пред една недела во МКЦ започна ревијата на Новиот унгарски филм. Траеше 5 дена и си заврши....секоја вечер по еден филм.
Успеав да изгледам два филма.
Едниот се викаше Патишта на светлината а другиот, Бедлам.
Режијата на првиот филм могу ме потсети на стилот на режирање на Alejandro Gonzalez Inarritu. Одбирање на еден момент кој е фатален и заеднички за тројца луѓе. Тој ’заеднички момент’ всушност е пресвртот во нивниот живот. Така, унгарскиот режисер, Mispal Attila во својата приказна има една манекенка, еден златар и еден питач... На моменти по малку наивно, ама сепак се во функција на приказната, филмот изобилуваше со сентименталност. Многу интересна порката носи филмот... отприлика како што ја сфатив јас: Не прави добро ако не мораш.....зашто најчесто таквото добро се враќа со лошо. Како и да , на крај се се заврши добро. Генерално кажано, фино филмче.
А што се однесува до глумицата, Унгарка бре...!!! Каква беше, најзгодна, најубава... и тој Унгарецот, чирачето, не беше лошо, убаво машко!!!
Вториот филм што го гледав, Бедлам, е комедија. Комедија како комедија, се помешано и измешано и смешано..... некои работи веќе видени, помалку и нови глупости....ама, сепак, комедија која вредедеше да се види, ако не за дурго за двајцата дечки бре.... е... тие се пример дека не се најзгодни на свет само Унгарките,туку и Унгарците....
Допишуванка: .......сакав да гледам уште еден унгарски филм со многу интересно име: ДАЛАС ПАШАМЕНДЕ....ама не го изгледав.....

Нема коментари: