петок, 18 мај 2007 г.

спиечко-сонувачки пост....

Кафе....леле....колку многу ми се пие кафе!!!
Неможам да си направам =( на работава ни се расипа решото!!!



23 коментари:

Vladimir рече...

Лелеееее... Колку тажно!

Море прибери се таму, работи нешто доста киснеш на нет.

Анонимен рече...

Olabavi malku Vladimir!

Koe ti e omileno kafe?

bluessence рече...

Ах, сочувствувам... ние еднаш немавме струја и скоро не заспав на биро!

Инаку, поправено е до денес?
Штета што не работиме поблиску па да пиеме кафе заедно, а?

:)

Vladimir рече...

Funky-dunde etc, suck my chocolate salty balls! :)

snappy name рече...

еј...Владимир...олабави малку вистински....не беше ти ваков.... =)
што ти направиле бре во Велес?

не! ни денес немаме решо =(
=) ама јас си донесов кафе во термос.... =)))

инаку, сакам nescafe многу, особено заради рекламата.... онаа со дождот...
премногу ја сакам и многу ме потсетува на еуфоријата, филмски фестивал....(ууу ми се кожи ежата)

многу си сакам и турско...па уште ако има бејлис да се стави....брди њам њам (Тhe Party)

Darko рече...

Арно вели Владимир. Нека се олабави малку Funky и нека не се крие позади некој надимак,кој btw, како што претходно видовме, по се изгледа не е ни негов, туку го укр..., ај да не бидам строг го „позајмил од некаде“.

bluessence рече...

Сајбер постоењето отвора простор за редефинирање на идентитетите, заради што интернет е се уште општо омилен leisure activity. Не знам зошто толку многу сте запнале да дознаете кој се крие зад никот?! Кога би сакале да се дружиме само со познати идентитети, тогаш не би отворале ни блог, нели?

Анонимен рече...

Супер ти е блогот, баш ретко се наоѓа блог со концепт на немање концепт :) keep up the good work!

Darko рече...

Сашке, Сашке, не се работи само за тоа кој се крие зад никот, се работи и за тоа дека можел да биде оригинален и да смисли нешто и сам. И ако некој сака да си го смени идентитетот, тоа значи дека бега од нешто, од другите или од самиот себе. Мењање на идентитет у МВР, ќе те пишат под друго име и готово. :)))))

snappy name рече...

абре за каква оригиналност се зборува....
па сето ова е како да се прави муабет за вкус!!!
ако некој, во текот на животот, налета на некое име што премногу му се свиѓа зашто да не го превземе....
едноставно, што е тој крив што на неговите не им текнало така да го крстат....
тоа не е бегање од својот идентитет туку пронаоѓање на себе....

Vladimir рече...

Какви идентитети, какви филозофии побогу?!?!

Се паѓа во вода кога го прочитав ова : “Кога би сакале да се дружиме само со познати идентитети, тогаш не би отворале ни блог, нели?“

Значи некој тука, не го именувам, нормално, за да не го откријам идентитетот, со се неговото повеќезначно постоење во cyber светот, отвара БЛОГ за да се дружи.

Јупииии! Одлично! Недостатокот на real time/life социјализација, се надоместува со отварање на блог. Како одеднаш се первертира, значењето и постоењето на блогот...

Но, нејсе, ова е честа појава кај тинејџерките на возраст од 11 до 13 години, али ова што го прочитав, затоа што не доаѓа од тастатурата на тинејџерка, просто ме ВЏАШИ!

Да не должам повеќе, и за во иднина да не се сквернави намената на блогот еве неколку предлози, за дружење нормално :

- www.hi5.com
- www.prijateli.com.mk

Среќно! :)

bluessence рече...

Значи страшно нешто кога нечија изјава ќе се извади од контекст... Не сакам да реплицирам на провокацијата за причината за отворање блог, ок е, you win. Јееее.

А во однос на оригиналноста на името, никот и идентитетот - само ме интересира, вас ве прашале како бебиња дали сакате да се викате Дарко, Владимир и слично?! Името е еден од основните носители на идентитетот, ама ај да не почнувам.

Darko рече...

Е супер. Името да ти е фанки дунде, па у школо децата да те заебаваат. Да те викаат скратено дунде, или пи.. Ајде Сашка забега сега со ова коментаров, и сама рече дека се работи за име а не за ник. Така што...шшш-шшш

Анонимен рече...

Ок... пошто релативно брзо стигнавте до дискусијата до која и јас сакав да стигнете - две работи:

Фанки-дунде-гудалат-лирој е Миша ... клуч за докажување ми е: ВП, АС, ВМ, ДК, МП

Зошто тоа го направив?

1. Ја почитувам слободата секој да прави што сака на интернет, се додека со тоа не загрозува некој друг. Но, интернет е мрежа од компјутери, па така тој нуди повеќе различни сервиси за различни примени: www за веб страни, irc за четување, email за праќање е-пошта, im за инстант пораки итн итн

2. И покрај тоа што ја почитувам слободата, не ми се допаѓа кога некој блогот го користи како место за четување. Со Блуесенс зборевме на тема блиска со оваа, и нека не ме сфати погрешно, не сум против личен блог каде содржината се совпаѓа со изворното значење на тоа што се нарекува личен дневник.

Меѓутоа овде, најчесто не гледам некоја рефлексија на изворниот запис подолу во коментарите, туку муабети на едно друштво на отворениот кибер простор. За тој вид на онлајн дружење, постојат irc канали и инстант пораки...

Тоа што јас го очекувам од некој блог е глупи или паметни записи на определена тема, и коментари на таа тема, а не колку сите сме си супер, колку се сакаме и кај ќе излеземе вечер, кого ќе оставиме сам да седи во ноќен клуб и сл. Затоа што, многу е удобно да се седи пред компјутер и си играме fabulous society. Глеате колку лесно беше јас, да одглумам некој што не сум... но за тоа постојат Second Life и други слични игри со играње улоги, или комуникациски системи каде се подразбира тоа - irc на пример.

На крајот - не ме сфаќајте дека јас сакам да ве одвратам од нешто што, веројатно, сакате да го правите. Меѓутоа, да се има блог, и да се пишува или коментира на него, подразбира некаква одговорност и спремност да се превземе ризикот од вакви узурпации кои се предизвикани од таквото тривијално сфаќање на блогот како медиум...

Darko рече...

Иначе, во коментарите на текстот каде што првпат се појави Дунде Миша, убаво си течеа, се додека ти не почна да прашуваш колку години има Весна, па коментарите забегаа. Али и тоа е со намера, знам. И тоа директна. :) А тоа што викаш дека треба да се коментира, а не блогот да биде чет, ОК, ама треба и да пишеш пост, за да има што да се коментира, а не стави слика, па ај да коментираме што гледаме на неа. Сега, не секој пост е доволно интересен за коментари, ама постирањето е право на авторот, па нема што да се коментира. :) Единствено бев во право кога реков дека, никот го користи некој што бил директно во врска со подготвувањето на Визија (откако ти, Миша, самиот спомна дека името е употребено таму). :)

Анонимен рече...

Значи... немора секој пост да се коментира. Оттука и ако некој постира нешто што мислиш дека не треба или не може да се коментира, то не значи дека и покрај тоа треба да се коментира...

Darko рече...

Тоа и јас го мислев со: Сега, не секој пост е доволно интересен за коментари, ама постирањето е право на авторот, па нема што да се коментира. :)

bluessence рече...

А бе дечки/девојки, блог на Снепи = правила на Снепи, as simple as that... ако на некого не му одговара концептот и содржината на блогот, нека повели на друг блог - има еден тон избор, ехеее, цел интернет... а во однос на коментарите, секој може што сака да каже, или не?!

Darko рече...

Туку, снепи што стана со решото? Ако не, да донираме сите што коментиравме тука, па да купиме некаква „кафе-варилица“. :)))) Само Миша ќе донира дупло, пошто има двоен идентитет (да не речам подвоена личност). :)))) Миша, ноу офенс. :)))))

Анонимен рече...

Lele Vesna maaa, pak gi raskara site... Ete ti talent si znaci za toa :-)

Анонимен рече...

I shto e najinteresno , site se karaat, a Vesna mudro molci :-)

Анонимен рече...

sonata sleep pillscollege pharmacy pre tramadol

[url=http://www.bebo.com/buylevitraonline1]dreampharmaceuticals buy levitra online[/url]

Анонимен рече...

тдых летом был слишком насыщенный в плане тусовок. как говориться, покуривала я там по сигаретке-две в день. так не курю вообще. а сейчас курить охота((( видимо, зависимость появилась. не то, что прям очень хочется, но покурю-и такое наслаждение. так вот, в случае в случае если курить по сигарете в день, че будет-то? все точно еще большой урон здоровью?

[url=http://2nt.ru/go/serial.php]Вообще любой сериал и особенно новинки я качаю тут [/url]
[url=http://2nt.ru/go/teets.php]Молодежное видео тут[/url]